Утрински Весник
Македонија

Судот и натаму ја бара адресата на натепаниот Пендиков за да му испрати покана за сведочење, адвокатите не знаат кога ќе дојде од Бугарија

Судот и натаму ја бара адресата на натепаниот Пендиков за да му испрати покана за сведочење, адвокатите не знаат кога ќе дојде од Бугарија

Охридскиот суд и натаму ја бара адресата на Христијан Пендиков, кој откако беше тепан во Охрид, Бугарија прати авион за да го земе и го однесе на лекување во тамошниот медицински центар. Судијата Бојан Мартиноски и денеска се интересираше на која адреса можат да го најдат оштетениот македонски државјанин, со бугарска самосвест, кој е и секретар на бугарскиот клуб во Охрид. Обвинителите немаа одговор, ниту знаеја кога ќе може да присуствува на рочиште.

dobivaj vesti na viber

„Не знаеме кога Пендиков ќе може да присуствува, а тоа е поради медицински причини“, кажаа обвинителите кои го гонат Илија Спасевски кој го нападнал оштетениот.

Засега непознато е дали Пендиков, кој има својство на оштетен но и сведок, ќе дојде во охридскиот суд за да сведочи. По нападот тој замина за Бугарија каде има обезбедување, доби стипендија и стан.

Рочиштето за претепувањето на Христијан Пендиков се одложи по 20 минути од почетокот, а по барање на адвокатите на обвинетиот Илија Спасевски. Тие пред судијата Бојан Мартиноски кажаа дека не им се доставени сите докази со кои Обвинителството ќе докажува вина судот. За нив е важно да ги имаат аудио и видео записите со кои располага обвинителот, по што обвинетиот Спасевски ќе може да се произнесе за вина. Со ова се согласи и судијата Мартиноски.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор