Утрински Весник
Спорт

Набил Фекир ја заврши сезоната

Набил Фекир ја заврши сезоната

Фудбалерот на Бетис Набил Фекир ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, соопшти клубот.

dobivaj vesti na viber

„Фекир доживеа хиперекстензија на левото колено на еден од последните дуели на натпреварот против Елче (3:2) минатиот петок“, се вели во соопштението на Бетис и се додава дека ги повредил предните вкрстени лигаменти на коленото.

Клубот од Севиља додаде дека 29. годишниот офанзивен играч за врска ќе биде опериран во наредните денови.

Фекир се пресели во Бетис од Лион во 2019 година, а минатата година со клубот од Андалузија го освои Копа дел Реј.

По 23 одиграни натпревари, Бетис е на петтото место во Примера, а два бода го делат од пласман во Лигата на шампионите.

Клубот од Севиља во осминафиналето од Лигата на Европа ќе игра против Манчестер Јунајтед, а натпреварите се закажани за 9. и 16. март.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата