Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Инфраструктурните проекти кои ги реализираме сериозно го менуваат изгледот на Аеродром

Муцунски: Инфраструктурните проекти кои ги реализираме сериозно го менуваат изгледот на Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, утрово изврши увид на градежните работи на сообраќајниците во населбата Лисиче, каде активно се работи на реконструкција на една улица, а наскоро започнуваат активностите на уште две улици во истата населба.

dobivaj vesti na viber

„Продолжуваме со инвестициите во инфраструктурни проекти кои сериозно го менуваат изгледот на Аеродром. Проектите кои ги започнавме на почетокот на годината го добиваат својот финален изглед, а со тоа решаваме важен инфраструктурен проблем, но и ја подигнуваме на безбедноста во сообраќајот за граѓаните кои живеат во овој дел од населба Лисиче“, напиша тој на својата Фејсбук страна.

Во овој период се изведуваат работни активности за реконструкција на улицата „Мите Богоевски“ во должина од 1245 метри, а по нејзиното завршување започнува и обновата на улиците „Црноризец Храбар“ и „Илија Димовски“ со вкупна должина од 1000 метри. Реконструкцијата опфаќа промена на асфалтот и поплочување на пешачките патеки со бекатон плочки, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 60 милиони денари, средства кои се обезбедени од Светска банка, преку проектот на Министерството за транспорт и врски за финансирање на инвестиции и во инфраструктурата на општинските патишта и улици.

Во следниот период започнува реализацијата на неколку важни инфраструктурни проекти со кои ќе го унапредиме урбаното живеење во неколку населени места во општината.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?