Утрински Весник
Свет

Зеленски го отпушти клучниот човек во војната

Зеленски: Путин знае дека нема да биде жив ако има руски нуклеарен напад

Командантот на операции на здружените сили на Украина, Едуард Михајлович Москалов, е разрешен од должноста, соопшти денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Генерал-мајор Москалов беше назначен на оваа позиција во март минатата година кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена управа, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Зеленски не даде објаснување за разрешувањето на Москалов, што е само едно во долгата низа промени на високи владини функционери нарачани од претседателот на Украина.

Украинските власти спроведоа серија антикорупциски истраги и рации низ целата земја, проследени со бројни отпуштања на високи функционери. Засега не се знае дали обвинението за Москалов е поврзано со неодамна започнатата акција за расчистување на корупцијата.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за правото на самоодбрана од американската агресија

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“