Утрински Весник
Македонија

Османи во дводневна посета на Вашингтон: Презентација пред Хелсиншка комисија

Османи: ОБСЕ треба да даде резултати во тешки времиња
Dik 300x250 mk

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи денес и утре (27-28 февруари) е во дводневна посета на Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Повод за посетата е неговата утрешна презентација пред Хелсиншката комисија во Вашингтон, каде ќе се обрати на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“.

Во рамки на својата агенда, денес тој ќе се сретне и со Дерек Шоле, Советник во Стејт департментот на Државниот секретар Ентони Блинкен во администрацијата на Претседателот на САД Џозеф Бајден.

Исто така, предвидена е средба и со Помошник администраторот на УСАИД за Европа и Евроазија, Ерин МекКи.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат