Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николоски: Фатмир Меџити, кандидат за министер за здравство да објасни – како од барака прави луксузна хациенда од 336 м2 во Тафталиџе

(Видео) Николоски: Фатмир Меџити, кандидат за министер за здравство да објасни – како од барака прави луксузна хациенда од 336 м2 во Тафталиџе

„Фатмир Меџити треба на јавноста да и објасни како од една скромна барака во моментот гради една голема хациенда од 336 метри квадратни, ни помалку, а ни повеќе во елитната скопска населба Тафталиџе и ни помалку, ни повеќе како прв комшија на Арбен Таравари“ рече потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за именување на нов министер за здравство.

dobivaj vesti na viber

Николоски со фотографии објасни како изгледа политичката корупција, повикувајќи го кандидатот за нов министер за здравство од Алијанса на Албанците, Фатмир Меџити да објасни пред јавноста како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму спроти подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата, Арбен Таравари.

„Како на улица Бриселска 18А гради хациенда од 336 метри квадратни, еве можете да ја видите од една перспектива, и еве од друга перспектива. Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија и треба да објасни Фатмир Меџити како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму карши со подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари. Вака почитувани пријатели изгледа политичката корупција“ потенцираше Николоски, покажувајќи фотографии од новата хациенда во сопственост на Меџити.

„Политичката корупција изгледа подарени и ново кренати куќи и хациенди една спроти друга на улицата Бриселска. Од едната страна Арбен Таравари, од другата страна Фатмир Меџити. Жал ми е што претседателот на владата не е тука да одговори како е возможно вакви хациенди да се креваат во најелитната скопска населба и такви луѓе да предлага за министри, потенцираше тој и праша кој е моралниот кредибилитет на Меџити да биде кандидат за министер за здравство кога крева ваква хациенда. Кој е моралниот кредибилитет на Фатмир Меџити да биде кандидат за министер за здравство кога крева ваква хациенда, повторувам ни помалку, ни повеќе наспроти куќата која што подарена на неговиот пријател и партиски претседател Арбен Таравари. Ова е тоа што во моментот се случува во Тафталиџе во Скопје и вака изгледа политичката корупција во редовите на владата на СДСМ и ДУИ во која што се обидуваат да влезат“ – рече Николоски.

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог