Утрински Весник
Економија

Фармацевтскиот гигант „Герејсхајмер“ гради втора фабрика во Скопје, нови 180 вработувања

Фармацевтскиот гигант „Герејсхајмер“ гради втора фабрика во Скопје, нови 180 вработувања

Означен е почетокот на изградбата на втората фабрика на германскиот фармацевтски гигант „Герејсхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона-2, Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се работи за инвестиција од над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошко-индустриските развојни зони.

Планирано е отворање на над 180 нови работни места, со просечна плата далеку над државниот просек.

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, денеска, присуствуваше на настанот.

Присутни беа и Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, како и Ото Граф, Привремен Вршител на работите во Амбaсадата на Германија.

Најавија дека во новата фабрика на „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло, шприцеви за вакцини и фармацевтски продукти за потребите на светски фармацевтски реномирани компании.

 

Премиерот Ковачевски беше во обиколка на првата фабрика на „Гересхајмер“, каде му беше презентиран современиот процес на производство на медицинска пластика во погоните, проект кој германскиот концерн го почна во Северна Македонија пред четири години.

Првичната инвестиција од 25 милиони е веќе зголемена на над 60 милиони евра.

„Северна Македонија е безбедна и солидна дестинација за инвестиции, нашиот човечки кадар нуди квалитет и знаење, кое, се докажа дека знаат да го ценат регионалните, но и светските партнери и инвеститори. Затоа ги помагаме сите инвеститори кои решаваат да вложат средства кај нас, преку ослободување од даноци, поддршка на работни места и сет на мерки кои го олеснуваат бизнис амбиентот на потенцијалните инвеститори. Првичните анализи покажуваат дека на секој 1 денар вложен од државата, компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот“, рече премиерот Ковачевски.

Нагласи дека минатата година е најдобрата година до сега од постоењето на ТИРЗ со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции, а годината е завршена со рекорден извоз од 3,7 милјарди евра.

Вкупно 16.400 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава“, рече Ковачевски во своето обраќање за време на посетата на фабриката на „Гересхајмер“.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена