Утрински Весник
Свет

Шолц: Путин нема да ги постигне своите империјалистички цели во Украина

Шолц: Путин нема да ги постигне своите империјалистички цели во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин „нема да ги постигне своите империјалистички цели“ во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во видео порака по повод првата годишнина од руската инвазија.

dobivaj vesti na viber

„Колку побрзо рускиот претседател сфати дека нема да ги постигне своите империјалистички цели, толку се поголеми шансите за предвремен крај на војната“, рече тој.

Шолц рече дека Путин има способност „да стави крај на оваа војна“.

„Путин ги има сите карти во свои раце. Тој може да стави крај на оваа војна“, рече Шолц, пренесува Бета-Франс прес.

„Рускиот претседател не успеа. Владимир Путин сметаше на поделба и се случи спротивното“, додавајќи дека „Украина е пообединета од кога било“, а „Европската унија е обединета“.

Германската канцеларка го увери Киев за „поддршката на Берлин“, нагласувајќи ја „одлучноста и храброста на Украинците“.

Сепак, Шолц додаде дека Германија ќе стори „се за да избегне ескалација на војната меѓу Русија и НАТО“.

Тој изрази и задоволство поради тоа што Германија, која пред војната беше особено зависна од снабдувањето со енергија од Москва, „за една година се ослободи од руската енергија“.

Имаме доволно гас и нафта, економијата не е во длабока рецесија“, рече Шолц.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk