Утрински Весник
Македонија

Комисија ќе ги проверува имињата на сите 17.000 регистрирани здруженија

Претседателот на клубот „Иван Михаилов“: Културниот центар нема да го менува името

Централниот регистар му доставил на Министерството за правда список со 17.000 здруженија и фондации чиишто имиња треба да бидат проверени.

dobivaj vesti na viber

Комисијата натаму ќе треба да се изјасни за спорните имиња на некои од здруженијата и следствено да даде позитивно или негативно мислење. Министерот за правда, потоа, ќе донесе решение дали тоа здружение ќе треба да се згасне или да продолжи со својата работа.

Претходно, бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид најави дека ќе поднесе документација до Централниот регистар за промена на името, а битолското здружение „Иван Михајлов“ најави тужба.

Законските измени кои стапија на сила пред три месеци, предвидуваат здруженија да не може да носат имиња на лица кои се поврзуваат со фашизам и нацизам, или да имаат таква дејност.

Можете да прочитате

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт