Утрински Весник
Македонија

„Ја тркалатe работава на седум фронта, немате аргументи“, му рече заменик-градоначалникот на Скопје на советникот Станковиќ

„Ја тркалатe работава на седум фронта, немате аргументи“, му рече заменик-градоначалникот на Скопје на советникот Станковиќ

Александар Трајановски, заменик-градоначалник на Скопје му реплицираше на советникот во Град Скопје, Малиша Станковиќ, за време на седницата на Градот. Трајановски смета дека Станковиќ зборува за неработата на градоначалничката Данела Арсовска, за да релативизира. На седницата се дискутира за начинот за издавање на спортските сали и делови од училишта кои се под надлежност на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Колега Станковиќ, гледате како точката на дневен ред ја тркалате на седум фронта чисто за да имате аргументи да ги поткрепите дека работава не иде? Чесно е да кажете за ЈСП сме ја заташкале работава и гледаме да ја закрепиме? Па на минатата седница баравме од вас поддршка за 50 електрични автобуси, што не ја поддржавте? Ако имаме дефицит на автобуси во јавниот превоз и знаете дека еден од приватните превозници кои вие сакавте да го донесете на маса, да не кажам, со и презиме да му го потпишеме договорот, а како сака да си го напише, сега ќе влезевме во процедура за набавка на 50 автобуси. Ако сакате за таа тема сакате да зборуваме.. Ама точката на дневен ред е за спортските сали и средните школи. Ние сме константни во одлуката, сега ќе го пуштиме јавниот оглас. Вие пробувате да ја заташкате одлуката за да не ја реализираме“, кажа Трајановски.

Советникот додаде: „Зошто мора да имаме политизација сегде? И самите знаете дека станува збор за лични бизнис интереси. И средните училишта да бидат за спорт и образование. За едукативна и рекреативна дејност. Ако сакавте да им помогнете на децата кои зимно време тренирале надвор, што не ја сменивте одлуката во септември? Што не ви текна тогаш? Туку сега во март месец на 20 степени надвор?“

Условите на начинот на давање на недвижнини во сопственост на Град Скопје под закуп се донесени со мнозинство гласови.

Можете да прочитате

Во Гази Баба се подготвува бетонско чудовиште – барајте од кандидатите нотарска изјава дека нема да го поддржат проектот вели Арсовска

ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, животниот стандард падна за 20%