Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Нетфликс“ со нов документарец за мрачните злосторства на едно моќно семејство

(Видео) „Нетфликс“ со нов документарец за мрачните злосторства на едно моќно семејство

На стриминг-платформата „Нетфликс“ пристигна нова ‘тру крајм’ документарна серија од три дела со наслов The Murdaugh Murders: A Southern Scandal.

dobivaj vesti na viber

Во центарот на крими-документарецот базиран на вистински факти е Алекс, адвокат од Јужна Каролина и глава на семејството, кому моментално му се суди за убиство на сопругата и синот.

Семејството Мурдо е бескрупулозна династија која со години ги користи своите пари и моќ за да прави што сака и мислела дека може да се извлече дури и со брутални убиства.

Серијата од три епизоди е мрачен приказ на животот на привилегираните моќници и едно од најистакнатите семејства во Јужна Каролина и ќе фрли светлина врз нивните мрачни тајни и злосторства.

Можете да прочитате

Причини поради кои се зголемува шеќерот во крвта во летниот период

Кога е време да се фрли тавата

Дали путерот и сирењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања