Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Некои мислеа дека ќе дојдеме во Лајпциг и ќе победиме 4:0

Гвардиола: Некои мислеа дека ќе дојдеме во Лајпциг и ќе победиме 4:0

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не изрази големо разочарување по натпреварот со Лајпциг во осминафиналето на Лигата на шампионите, кој заврши 1:1. Наместо тоа, тој се обиде логично да ја анализира ситуацијата која доведе до конечниот резултат, иако „граѓаните“ водеа повеќе од 50 минути на стадионот „Ред Бул Арена“.

dobivaj vesti na viber

„Задоволен сум од целиот натпревар, не само од првото полувреме. Ова е натпреварување во кое се елиминирани многу сериозни екипи. Жал ми е ако некои очекуваа да дојдеме овде и да победиме со 4:0. Не можеме да го направиме тоа. Во вториот дел не направивме чекор напред и нашите противници притискаа уште повеќе. Имавме добри моменти во двете полувремиња. Ова е добар резултат“, изјави Гвардиола, цитиран од официјалниот сајт на УЕФА.

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Лајпциг ќе се одигра на 14 март во Англија.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина