Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се вработува сопругот, да ја вработи супругата – Обвинителството се ДУИзира и фамијализира

Абази за Ахмети: Можеби сме се сретнале, немам лични контакти

Се вработува сопругот, да ја вработи супругата – Обвинителството се ДУИзира и фамијализира, Ислам Абази шеф на ЈО, сопругата ја вработува обвинител, ова го има само во Македонија под власт на ДУИ поддржани од СДС, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Ислам Абази кој на сомнителен начин стана шеф на ЈО, сега на ист начин ќе се вработи неговата сопругата како обвинител, додека тој е шеф. Во ниту една друга демократска држава во Европа или на друго место во светот сопругот кој е избран на позицијата шеф на ЈО, не ја вработува сопствената сопруга во институцијата со која тој раководи.

Се отвора прашањето, дали Абази стана шеф на ЈО, за да може и неговата сопруга да стане обвинител, но и други кадри блиски до ДУИ и СДС? Како може граѓаните да чекаат правда кога судството и обвинителството се испреплетени од фамилијарно партиски вработени кои и се лојални на партијата, а не на државата?

Заради фамилијаризацијата на судството и обвинителството граѓаните немаат доверба во правосудниот систем. Потребни е коренити промени, а тие се можни само со промена на власта“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Вештачење за „Пулс“: Од 2012 до 2025 не е извршена инспекциска контрола во дискотеката од страна на инспектор за противпожарна заштита

Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството

ВЛЕН: Ахмети им ја должи вистината на Албанците