Утрински Весник
Свет

Запленет брод со руска нафта во Драч, Албанија го блокира танкерот

Г7 сака да ја ограничи цената на руската нафта

Албанија блокира и заплени танкер со 22.500 тони нафта за која се верува дека е од Русија и го уапси екипажот поради кршење на западното ембарго, соопшти албанската полиција.

dobivaj vesti na viber

Во Драч е запленет танкер за нафта и хемиски средства регистриран во Либерија, пренесуваат локалните медиуми.

„Од првите чекори на истрагата постои сомневање дека овој товар доаѓа од земји што воведоа ембарго на нафта, особено од Русија“, се вели во соопштението на полицијата.

Полицијата посочува дека танкерот испловил од пристаништето во Азербејџан и дека 22.500 тони дизел-гориво биле претоварени од друг танкер во грчкото пристаниште Каламата, пренесе „Ројтерс“.

Во соопштението се додава дека во акцијата „Ембарго“ се уапсени 22 члена на екипажот за понатамошна истрага.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови