Утрински Весник
Македонија

Двaјца загинати во сообраќајка помеѓу две патнички возила

Притвор за жителка на Ресен која во алкохолизирана состојба предизвикала сообраќајна несреќа при што загина нејзиниот сопатник

Вчера во 15.57 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола–Прилеп, на излезот од Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен пикасо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.В.(44) од Прилеп и патничко возило „цитроен ц1“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(63) од Норвешка.

dobivaj vesti na viber

На местото на несреќата починале двајцата возачи, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Сопатничката од возилото „цитроен ц1“, А.Е.(48) од Норвешка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Објавен повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис

Левица: Владата не го чепка сопствениот луксуз туку зема од најранливите 

Ослободителна пресуда за Рамиз Мерко: Судот утврди дека немало злоупотреба при набавката на луксузното „Ауди“