Нигерискиот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен, призна дека може да направи трансфер во текот на летото по интересот на Челси и Манчестер јунајтед, но посочува дека до крајот на сезоната е фокусиран н својот тим.
24-годишниот Осимен има 18 гола во 19 меча во Серија А, а Наполи направија предност од 15 поени пред Интер на врвот на табелата во обид да се дојде до првото скудето по 33 години, од ерата на Диего Марадона. Тој има вкупно 47 гола и 13 асистенции во 85 настапи за Наполи по контроверзниот трансфер од Лил во 2020 година. Тој има договор до јуни 2025 година, а претседателот на клубот, Аурелио ди Лаурентис инсистира дека клубот нема да продава.
„Кога си во добра форма, сите големи клубови од петте лиги те гледаат. Да се привлече интерес на тие врвни клубови покажува дека играм добро и ми дава мотивација да продолжам. Во моментов сум фокусиран на Наполи и клубот го има последниот збор. Сакам само да помогнам да победуваме и да освојуваме титули. На крајот на сезоната ќе видиме што ќе се случи, многу работи не зависат од мене“, вели Осимен за „ЕСПН“.