Утрински Весник
Македонија

Пари и недозволени предмети биле пронајдени при претреси во затворот „Идризово“

Пари и недозволени предмети биле пронајдени при претреси во затворот „Идризово“

При претрес во затворот Идризово во 14 ќелии и две соби биле пронајдени поголема сума на пари, таблет, телефони и слично, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Од таму информираат дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје.

„Во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор“, истакнуваат од МВР.

Постапувајќи по наредби за претрес, издадени од Судија за претходна постапка, како што истакнуваат надлежните, извршени се претреси во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, при што биле пронајдени: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена.

Останатите пронајдени предмети за време на претресот, според надлежните, ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Светиот маченик Иполит

ЦУК: Еден пожар активен, два под контрола и изгаснати дваесет пожари на територијата на Македонија

Најпрвин нов топол бран во Македонија, викендот ни носи врнежи и пад на температурите!