Утрински Весник
Македонија

„Бомбашот“ испразни десет училишта: Осум дојави за бомби во Скопје, две во Прилеп

Евакуирани шест училишта, повторно дојави за бомби во Скопје

Осум скопски и две прилепски училишта се мета на дојавите на бомби утринава. Полициски екипи за антитероризам веќе започнаа со проверки, а откако претходно, ги испразнија просториите од ученици и вработени.

dobivaj vesti na viber

„До 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Дојавите за бомби траат веќе два месеци. Државата нема решение, а протоколите налагаат дека мора да се извршат антитерористички проверки. Досега сите дојави се покажаа за лажни.

Можете да прочитате

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол

На 21 октомври во Куманово започнуваат „Вински Приказни“ – ново патувачко винско доживување