Престојот на бугарската делегација предводена од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, бил пријавен по дипломатски пат преку бугарската амбасада.
Ваков одговор даде МНР по речиси половина ден молк на прашањето дали домашните институции биле запознаени со ненадејната и куса посета на Јотова синоќа во Скопје.
„Информираме дека во однос на престојот на потпретседателката не се побарани средби ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ земјава е во организација на Амбасадата“, соопшти Министерството.
Македонската јавност за посетата на Јотова дозна од бугарските медиуми, кои ги пренесоа средбите што таа ги оставрила со македонските Бугари во земјава во бугарската амбасада во Скопје.
Пред нив Јотова укажала дека без промена на Уставот, нема да има напредок за Македонија на патот кон ЕУ.
„Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Северна Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори“, рече таа, пренесе бнр.бг.
Јотова допатува во Скопје по средбите во Приштина каде што се состана со тамошниoт државен врв.