Утрински Весник
Македонија

(Видео) Аеродром до Град Скопје по снимката до глутницата кучиња: Најдете решение, ве плаќаме

(Видео) Аеродром до Град Скопје по снимката до глутницата кучиња: Најдете решение, ве плаќаме

Општината Аеродром побара од Град Скопје итно да изнајде решение за проблемот со уличните кучиња, по видеото што го објави „Макфакс“, а на кое се гледа како глутница напаѓа домашен миленик во оваа општина.

dobivaj vesti na viber

Велат дека во изминатиот период одвојуваат значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем.

„Во неколку наврати, од наша страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој е целосно во нивна надлежност. Ние, како локална самоуправа и понатаму стоиме на ставот дека неопходно е градот да изнајде соодветно решение за третирање на уличните кучиња и тоа мора да се направи веднаш“, велат од општината.

Доколку актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да изнајде решение,Општина Аеродром најави дека ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена“,

 

Можете да прочитате

Тошковски: Има индиции за политички мотиви зад пожарите

Шукова најави 15 нови паркови во првите 15 месеци

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!