Утрински Весник
Македонија

Николов: Низа на директори, ама никој не се грижи што нема лекови за граѓаните и плата за здравствените работници

Николов: Низа на директори, ама никој не се грижи што нема лекови за граѓаните и плата за здравствените работници

Низа на директори, ама никој не се грижи што нема лекови за граѓаните и плата за здравствените работници, затоа мора да си одат, вели Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување не можат да се видат во јавност.

„Едниот директор наводно шета надвор од државата, а токму тој самиот во својата биографија има наведено дека има напредни вештини од ИТ технологијата. Освен овие двајца, ни трага ни глас нема ни од уште деветте секторски директори, како и од седуммината членови на управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување“, рече Николов на прес-конференција.

Покрај толку директори и разни функционери во Фондот, вели тој, ги нема нити директорите на јавните здравствени установи.

Ниту еден функционер не се загрижи за вработените што не може да земат плата во законски предвидениот рок, додава Николов.

ВМРО-ДПМНЕ повика на одговорност од сите функционери кои можеле, а не го спречиле овој крах на здравствениот систем.

 

Можете да прочитате

Поднесена кривична пријава против струшкиот градоначалник

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари