Утрински Весник
Македонија

Јотова се сретна со претставници на бугарската заедница во Скопје: „Ако нема промена на Уставот, нема да правиме отстапки“

Јотова се сретна со претставници на бугарската заедница во Скопје: „Ако нема промена на Уставот, нема да правиме отстапки“

Бугарија нема да прави отстапки за договорите со Северна Македонија. Ова го порача бугарската потпретседателка, Ирина Јотова, која вчера на враќање од Косово допатува во Скопје на средба со претставници на бугарската заедница во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Средбата се случуваше во зградата на бугарската амбасада во Скопје, пришто Јотова им се заблагодари на македонските бугари за храброста да ја бранат, како што рече, својата бугарска самосвест.

„Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Северна Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори“, рече таа, пренесе бнр.бг.

Јотова се поклони на барелјефот на Васил Левски на зградата на бугарската амбасада во земјава.

Во врска со охриѓанецот Христијан Пендиков, бугарската потпретседателка најави дека покрај станот и обезбедувањето, бугарската држава ќе му овозможи и студирање во Софија.

Можете да прочитате

Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица

Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило товарно возило со крадени дрва

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ