Утрински Весник
Економија

Фирмите кои добија поевтина струја од државата имаат рок уште 10 дена да ги намалат цените, во спротивно ќе останат без субвенции

Фирмите кои добија поевтина струја од државата имаат рок уште 10 дена да ги намалат цените, во спротивно ќе останат без субвенции

Фирмите кои добија поевтина струја од државата имаат рок уште 10 дена да ги намалат цените. Во спротивно, владата ќе им ги укине субвенциите, а парите наменети за оваа мерка ќе им ги даде на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Горан Трајковски директорот на Пазарна инспекција, на својот фејсбук профил посочи дека државниот пазарен инспекторат веќе работи на извештајот кој ќе покаже кој ќе остане без поволноста да плаќа 80 евра за мегават потрошена електрична енергија.

„Од над 200 производители на основни прехранбени производи, само мал дел ги намалија цените, и тоа за денар или 2. На прсти се бројат и компаниите чии производи поевтинија од 7 до 13 отсто. Државниот пазарен инспекторат на терен проверува дали трговците ги почитуваат законите. За 10 дена казнети се 150, кои треба да платат 86 илјади евра“, пишува тој во својата објава.

Можете да прочитате

Министерство за финансии исплати 785 милиони денари за поддршка на домашни компаниии

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за реализација на повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за општините

Се интензивира откупот на тутунот