Утрински Весник
Спорт

Ливерпул за 20 минути го реши Њукасл

Ливерпул за 20 минути го реши Њукасл

Фудбалерите на Ливерпул победија на гости кај Њукасл со резултат 2:0, во последниот натпревар од саботната програма од 24. коло на Премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот беше решен во првите 20 минути, Ливерпул ги постигна двата гола и Њукасл остана со фудбалер помалку на теренот, бидејќи голманот Ник Поуп испадна наивен и доби црвен картон.

Тој истрча далеку надвор од сопствениот гол и казнениот простор, погрешно ја процени топката, несмасно се обиде да ја удри топката со глава, но ја фати со раце и судијата Ентони Тејлор мораше да го исклучи.

На оваа ситуација и претходеа два гола на Ливерпул за седум минути.

Во 10. минута Дарвин Нуњез го постигна првиот, а во 17.минута Коди Гакпо вториот гол за Ливерпул.

Њукасл во двата наврати се покажа наивен, додавањата низ целата одбрана беа начин гостите да ги постигнат двата гола, за првиот асистент беше Александар-Арнолд, додека за вториот Мо Салах.

До големата пауза Њукасл со десетмина можеше да постигне барем еден гол, но во два наврати топката заврши на гредата.

До крајот на натпреварот само Калум Вилсон му се закани на Алисон, додека Ливерпул неколку пати беше блиску до трет гол.

Ова е втор пораз на Њукасл оваа сезона и првиот го доживеа од Ливерпул, во август минатата година.

Ливерпул се искачи на осмото место и има 35 бодови, исто колку и Брајтон и Брентфорд, додека Њукасл е четврти со шест бода повеќе.

Њукасл во следното коло му гостува на Сити, додека Ливерпул го пречекува Кристал Палас.



Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина