Утрински Весник
Македонија

Евакуација на Галичица; Црвен крст-Охрид лути: Сограѓаните упорно одат спротивно на разумот и логиката

Евакуација на Галичица; Црвен крст-Охрид лути: Сограѓаните упорно одат спротивно на разумот и логиката

Пожарната служба од Охрид и Црвениот крст- Охрид на социјалните мрежи информираат за евакуација на луѓе од заглавени возила на Галичица, а како што посочуваат ова е втор ваков случај во текот на денешниот ден.

dobivaj vesti na viber

„За жал, ниту апелите, ниту сообраќајната сигнализација, не се доволни за одредени наши сограѓани, кои упорно се обидуваат да одат спротивно од правилата, прописите, разумот и логиката, доаваат тие во својата објава на Фејсбук.

Оттаму апелираат до Јавно претпријатие за државни патишта да дозволи поставување на физички бариери-рампи, на оние места, на кои согласно сообраќајната сигнализација, сообраќајот е забранет.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција