Утрински Весник
Спорт

Зидан: Наскоро се враќам на работа

Зидан: Наскоро се враќам на работа

Зинедин Зидан, легендата на Реал Мадрид и францускиот фудбал, го најави своето враќање на тренерската работа.
Поранешниот тренер на „кралскиот клуб“, во вторникот беше на промоцијата на Ф1 тимот Алпин, а по тој повод разговараше и со новинарите на весникот „Фигаро“.

dobivaj vesti na viber

Тој беше запрашан кои се неговите идни планови со оглед на тоа што договорот на Дидие Дешам на кормилото на Франција е продолжен до 2026 година.

„Моја цел е да тренирам некого. Сега имам време и не знам колку ќе трае тоа. Можеби до јуни, но тоа може да се случи и побрзо да се вратам на клупата“, изјави Зидан.

По проблемите кои ги имаше со луѓето од ФС Франција, Зидан сериозно почна да размислува за други опции.

Еден од нив секако е Пари Сен Жермен кој доколку не се пласира во Лигата на шампионите би можел да му се заблагодари на Кристоф Галтие.

Ова би отворило можност за Зидан, кој минатото лето ја одби понудата на клубот бидејќи чекаше повик за преземање на француската репрезентација.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина