Утрински Весник
Свет

Во Сирија е убиен еден од водачите на Исламска држава

Во Сирија е убиен еден од водачите на Исламска држава

Еден од лидерите на Исламска држава, Хамза ал Хомси е убиен, а четворица американски војници се ранети во напад на американски хеликоптер во североисточна Сирија, соопшти американското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

– Ранети се четворица американски војници и едно работно куче, додека командантот на ИСИС е убиен – се наведува во соопштението.

Операцијата беше спроведена во четвртокот вечерта во партнерство со Сириските демократски сили предводени од Курдите, кои се сојузници со САД, пренесува АП.

Не беше прецизирано во кој дел од североисточна Сирија е извршен нападот.

И покрај поразот во Сирија во март 2019 година, т.н Заспани ќелии на ИД продолжуваат да вршат напади низ Сирија и Ирак каде што некогаш прогласија калифат.

Заедничките операции на американската војска и борците на СДФ се вообичаени во североисточна и источна Сирија, долж границата со Ирак.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури