Утрински Весник
Македонија

На телефонот „Ало Бушавко“ децата најчесто пријавувале вознемиреност, лутина, врсничко насилство

На телефонот „Ало Бушавко“ децата најчесто пријавувале вознемиреност, лутина, врсничко насилство

Mенталното здравје е најзастапениот проблем со кој биле засегнати децата и младите, укажуваат наодите од работата на имот на „Ало Бушавко“ телефонот за деца и млади и главните причини за јавувања во текот на минатата година.

dobivaj vesti na viber

Резултатите од истражувањето беа презентирани на прес-конференција од страна на Детската амбасада „Меѓаши“.

Добиени се вкупно 357 повици додека вкупниот број деца и млади кои се опфатени со случаите изнесува 450, од кои 139 машки, 134 женски деца, а за 177 деца не е познат полот. Според возрасната група, најмногу од дојавите се однесувале на деца на возраст од 7 до 9 години.

Најголем процент од обраќањата 35 отсто се засегнати со проблеми што влијаат врз менталното здравје на децата, а тоа се манифестира преку емоционална вознемиреност поврзана со искуството на лутина или фрустрација.

„Како главен причинител за ваквата психолошка состојба кај децата во дојавите што ги добивме е односот на родителите што произлегува од бракоразводите, но и интерперсоналните односи во образовниот процес (врсник – врсник, наставник – ученик). Во вкупниот број забележани проблеми категоријата повреди, во која спаѓаат сите видови насилтво, злоупотреба и занемарување, учествува со 25 отсто. Проблемите од категоријата „семејни односи“ учествуваат со 17 првенти во вкупниот број проблеми. Голем број деца, дури 145 се регистрирани во оваа категорија проблеми, а се однесуваат на проблемот со прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата од центрите за социјална работа“, истакнаа од Детската амбасада.

До родителите и наставниот кадар како најблиски до децата, порачаа ако ги забележат симптомите на одреден проблем директно да реагираат, но уште поважно да превенираат вакви состојби кај децата. Особено препораката е до стручните служби во училиштата, и основните и средните, да посветат поголемо внимание на менталното здравје на децата и да понудат повеќе содржини и активности преку кои ќе се обработуваат теми од важност за менталното здравје.

Образовните институции, да водат грижа за атмосферата на безбедност и да нудат програми, активности и содржини преку кои ќе се подигнува свеста за штетните последици од насилството и да градат култура на мир и ненасилство.

Целосниот извештај може да го преземете од веб страницата на Првата детска амбасада Меѓаши, на овој линк.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје