Утрински Весник
Македонија

28 прекршоци поради непропуштање пешаци во Тетово, казни и до 250 евра

28 прекршоци поради непропуштање пешаци во Тетово, казни и до 250 евра

Tетовската полиција вчера спроведе акциска контрола, дали и колку од возачите им даваат предност, односно првенство на пешаците, во која се откриени и санкционирани вкупно 28 прекршоци.

dobivaj vesti na viber

Најголемиот број од прекршоците (20) се однесувале на непропуштање на пешаците на обележани пешачки премини, соопшти МВР.

На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 20 до 250 евра во денарска противвредност, а некои од прекршителите и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.Покрај ова, санкционирани, исто така, биле и 9 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово со уште едно укажување до возачите задолжително да им даваат предност на пешаците и секогаш да ги пропуштаат, а посебно да внимаваат на улиците каде нема обликувани тротоари.

Можете да прочитате

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот