Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор

Премиерот Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата

Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Ковачевски нема политики, ниту проекти, тој владее ден за ден. СДС и ДУИ имаат за цел да останат ден повеќе на власт, а не да направат нешто за државата.

Доколку Ковачевски имаше влада базирана на политики и проекти, немаше партии кои го донеле на власт и му даче можност да биде премиер, да го напуштаат. Никој повеќе не му верува на Ковачевски, ниту луѓето кои му дадоа шанса да стане премеир без избори.

Во СДС, а особено во ДУИ се свесни дека Ковачевски не може да добие избори, затоа се борат по секоја цена да ја задржат власта ден повеќе, а за тоа да се случи прибегнуваат кон уцени на пратеници.

Пратениците кои го поддржуваа владејачкото мнозинство не сакаат да бидат дел од бродот кој тоне и затоа секој ден ќе бидат се помалку во таборот на СДС и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје