Утрински Весник
Македонија

Чиста глупост се тврдењата на Пендиков, државата ги штити сите граѓани, вели министерот Спасовски

(Видео) Спасовски: Досега запленети 100.000 парчиња пиротехнички средства, апелирам на прослави без оружје и пиротехника

Чиста глупост се обвинувањата кои охриѓанецот Христијан Пендиков ги изнесе во своето прво интервју по нападот, коментира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

Министерот е дециден дека во Македонија се почитуваат правата на секој еден граѓанин во државата. Во таа насока, Спасовски се осврна на фактот што меѓународните институции ја оценија Северна Македонија како една од најбезбедните држави во регионот.

„За секој еден граѓанин, безразлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Влав, Ром, Бугарин, Црногорец, кој било – државата е тука секогаш за нивна заштита“, рече Спасовски.

Во врска со причините за нападот врз Пендинов, министерот вели дека во тој дел одговорот го дава Обвинителството и случајот е расчистен.  Не можете 30 години да живеете во државата во која никој еден збор не ви префрлил, вели Спасовски, а сега одеднаш тоа да не го цените и да ја прикажувате државата како земја која не ги почитува ваште права.

Насилството во никој случај не е прифатливо, дециден е министерот, коментирајќи дека никој не смее да напаѓа друг, а правото на самоопределување е најсилното право. Од друга страна, тој порача дека никој нема право и нема да дозволиме друг да ни го негира нашето право на самоопределување затоа што ние сме тие кои се чувствуваме како Македонци, како македонски народ, како граѓани на оваа држава, и ние сме тие коишто сме конституенти на државата.

Пендиков во првото интервју по нападот во Охрид за бугарска телевизија обвини дека е дискриминиран во Македонија поради бугарската самосвест. Рече дека и тој самиот не ги поднесувал Бугарите кога бил помлад, но пред неколку години се разбудил и станал македонски Бугарин. Во Македонија учиме изменета, лажна историја во која Бугарите се фашисти, заклучи Пендиков во првото интервју.

Можете да прочитате

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, соодветните служби работат, во координација сме со МВР

Голем пожар во кичевско, на терен три хеликоптери

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери