Утрински Весник
Спорт

Расел: Нема да молчам поради глупави правила

Расел: Нема да молчам поради глупави правила

Џорџ Расел, возачот на Мерцедес, е уште еден во низата асови од Формула 1, кој силно ја критикуваше одлуката на ФИА да им забрани на возачите да ги изразуваат своите политички ставови.

dobivaj vesti na viber

Британецот е директор на Здружението на возачи на Гран при, а пред него гласот го кренаа Макс Верстапен, Алекс Албон, Серхио Перез, Ландо Норис, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

„Не ми е јасно зошто ФИА го направи ова. Тоа е сосема непотребно за нашиот спорт, како и за моментот во кој живееме. Само знам дека на изразувањето на моите ставови нема да влијаат некои глупави правила. Слободата на говорот е едно од најважните права“, рече Расел, истакнувајќи дека очекува возачите да излезат со заедничка изјава.

„Верувам дека тоа ќе го направиме пред првата трка во Бахреин. Не сакам никакви ограничувања“, изјави Расел.

Шампионатот во Формула 1 започнува на 5. март со трката за Големата награда на Бахреин.

Можете да прочитате

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс