Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест на новинарите

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест на новинарите

Утре со почеток во 10.30 часот, поради најавен новинарски протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.

dobivaj vesti na viber

Рутата на движење на новинарскиот марш ќе биде од пред зградата на Владата во правец кон АД „Македонска пошта“ на бул.„ВМРО“, потоа по бул.„ВМРО“ во правец на ТЦ „Палома Бјанка“, лево во правец на бул.„11 Октомври“ кон зградата на Собранието.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат новинарите.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија”

Филипче од Карбинци: Тотален колапс во земјоделството – нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени

Зајкова: Статус квото не е стратегија – потребна е обединета македонска позиција