Утрински Весник
Магазин

Бред Пит и Џорџ Клуни го снимаат трилерот „Волци“

Бред Пит и Џорџ Клуни го снимаат трилерот „Волци“

Долгогодишните пријатели Бред Пит и Џорџ Клуни продолжуваат со снимање на филмот „Волци“, во продукција на стриминг-платформата „Епл ТВ плус“.

dobivaj vesti na viber

Пит (59) и Клуни (61) беа забележани на ноќно снимање на локација во Њујорк во вторникот.

Двете ѕвезди на The Ocean’s Eleven („Единаестмината на Оушн“), кои немаат глумено заедно од Burn After Reading од 2008 година, повторно се обединија во овој многу очекуван проект.

Пит на снимањето е во истата облека што ја носи последните неколку недели – бела кошула под црна кожена јакна.

Двајцата колеги овојпат нема да бидат само актери, туку и ќе учествуваат во продукцијата, Пит со својата компанија „Плен Би Ентертејнмент“, а Клуни со „Смоук Хаус Пикчрс“.

Можете да прочитате

Причини поради кои се зголемува шеќерот во крвта во летниот период

Кога е време да се фрли тавата

Дали путерот и сирењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања