Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За пет години изградивме 72 градинки и им ги зголемивме платите на вработените за 36 отсто

СДСМ: За пет години изградивме 72 градинки и им ги зголемивме платите на вработените за 36 отсто

Владата предводена од СДСМ се грижи за најмладите, во континуитет инвестира во детската заштита, како еден од клучните столбови на детскиот развој, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ За пет години, од 2017 година, досега, изградени се 72 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца. Дел од нив се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки.

Во минатата 2022 година, изградени или доградени се 10 градинки во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Со тоа, само за една година, капацитетите на градинките се згоелемени за над 1.000 деца од целата држава“ велат од партијата.

Оттаму додаваат дека за оваа година е планирана изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата.

Исто таката, велат дека за пет години, платите на вработените во детската заштита се зголемени за 36 отсто.

Можете да прочитате

Исплатата на Мој ДДВ во тек, досега исплатени 552 милиони денари

Поминуваат каде ќе стигнат со телефон на уво или слушалки – Летаат казни за пешаци

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка