Утрински Весник
Спорт

Спектакл во Денвер – Нагетс го победија Далас

Спектакл во Денвер – Нагетс го победија Далас

Изминатата ноќ се одиграа десет натпревари во НБА, а победи забележаа најдобрите екипи Бостон и Денвер. Следува шестдневна пауза поради Ол-стар викендот во Солт Лејк Сити.
Никола Јокиќ го забележа 21. трипл-дабл сезонава и 97. во кариерата за победата на Денвер над Далас од 118:109. Српскиот ас постигна 14 поени, на кои додаде 13 скока и 10 асистенции за Нагетс, додека Џеф Грин постигна рекордни за сезоната 24 поени (шут од поле 16-11). Мајкл Портер постигна 22 поени од кои пет тројки.

dobivaj vesti na viber

Од друга страна, Лука Дончиќ постигна 37 поени, имаше четири скока и девет асистенции, но неговите Мавс без Кајри Ирвинг, го забележаа третиот последователен пораз, за да останат на шестата позиција на Западот. Денвер е лидер со скор 41-18.

На овој натпревар во одбрано друѓтво влезе Никола Јокиќ кој пред паузата на „Ол-стар“ забележа повеќе од 500 асистенции и повеќе од 500 скока. Пред него тоа го постигнаа само Расел Вестбрук (три пати) и Оскар Робертсон, во далечната 1962 година.



Бостон и натаму е најдобриот тим во Лигата, бидејќи на свој паркет ја постигна 42. победа сезонава, против слабиот Детроит – 127:109.

Џејсон Тејтум постигна 38 поени, од кои 24 во третата четвртина. Малколм Брогдон додаде 25. Во тимот на Бостон по пауза од девет натпревари се врати и најдобриот дефанзивец во лигата, Маркус Смарт (9 поени, 7 скокови, 6 асистенции и 6 украдени топки).

Бостон влегува во паузата за Ол Стар со пет победи во последните шест натпревари, додека популарните Пистонс се изедначени на дното на Истокот со скор 15-44. Најдобар кај Пистонс со 28 поени беше Бојан Богдановиќ.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам