Борусија Дортмунд ќе патува во Лондон за реваншот со Челси во осминафиналето на Лигата на шампиони со 1:0 предност по интересниот меч на „Сигнал Идуна парк“. Бенфика, пак, ќе може да го потври местото во четврт-финалетео на домашен терен, откако победи на гости кај Бриж со 2:0.
Во израмнетиот меч пред фантастична атмосфера на „Сигнал Идуна парк“, човек на одлука беше Карим Адејеми, кој во фантастична соло-акција, го наттрча најскапото засилување во историјата на Челси, Енцо Фернандез, па го совлада и Кепа Аризабалага во 63. минута.
Челси се обидуваше да израмни во финишот на мечот, и беа многу блиску до голот, кога топката беше извадена од гол-линијата во 84. минута.
Во Белгија пак, поранешниот клуб на Фернандез, Бенфика стигна на чекор до четврт-финалето, откако со 2:0 го совлада Клуб Бриж. Жоао Марио ги донесе португалскиот клуб во водство во 51. минута, пред во 88. минута, Давид Нереш постигна гол за потврда на победата.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Борусија Дортмунд – Челси 1:0
Клуб Бриж – Бенфика 0:2
Графика: Sofascore за Топспорт.мк