Утрински Весник
Спорт

Сити повторно го совлада Арсенал и се врати на првото место на табелата

Сити повторно го совлада Арсенал и се врати на првото место на табелата

Битката за титулата во Премиерлигата продолжув со поинаква динамика откако Манчестер сити успеа по 11-ти пат едноподруго во лигашки мечеви да го совлада Арсенал, овојпат со 1:3 на гости за да се врати на првото место на табелата (иако со натпревар повеќе).

dobivaj vesti na viber

Дуелот на првопласираниот и второпласираниот клуб во англиската елита беше означен како тест за тоа како ќе се движи борбата за титулата, и засега станува јасно дека не чека долг и неизвесен пат до мај.

„Граѓаните“ први дојдоа во водство во 24. минута, кога по грешката на Томијасу, Кевин де Брујне постигна прв гол, но првото полувреме помина во знакот на Арсенал, кои имаа повеќе од играта и шансите пред противничкиот гол за да израмнат во 42. минуа со голот на Букајо Сака од пенал по бруталната реакција на Едерсон во шестнаесетникот.

Меѓутоа, второто полувреме, целосно помина во знакот на тимот на Пеп Гвардиола. Откако го извади Ријад Марез од игра и на негово место го постави Мануел Аканџи, Сити почнаа да создаваат повеќе шанси, што резултираше во 72. минута со голот на Џек Грилиш по убавата акција. Точка на мечот и потврда на победата стави Ерлинг Халанд по убавата асистенција на Де Брујне во 82. минута од мечот.

(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ