Ане Лашковска во дебатата за разрешување на министрите од редовите на Алтернатива, рече дека и новото парламентарното мнозинство нема да биде стабилно.
Ова според Лашковска нема да го подобри животот на граѓаните, туку само ќе овозможи уште десет месеци да се зголемуваат фамилијарните бизниси на луѓето од Владата.
Реплицирајќи му на Фадиљ Зендели се согласи дека ова не е европска Влада. Лашковска потсети на недамнешните изјави на Таравари.
„СДСМ и ДУИ прават театар. Со нив сум скептик дека може да се бориш со криминалот. Бродот СДСМ-ДУИ тоне. Истиот тој Таравари кој ова го говореше, сега реши да биде лепак на бродот за кој велеше дека тоне“, рече Лашковска.