Утрински Весник
Економија

Економијата расте, а инфлацијата паѓа, велат од СДСМ

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза даваат резултати, велат од владејачката партија преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Економијата расте и тоа во услови на економска криза и во период на пост ковид криза. Осум квартали по ред се бележи раст на БДП.

Истовремено инфлацијата се намалува. Три месеци по ред стапката на инфлација опаѓа. Трендот на намалување продолжува и понатаму и во текот на годината стапката на инфлација ќе биде едноцифрена.

Растат платите и пензиите. Според усвоената методологија, минималната плата во март ќе се зголеми на мад 20.000 денари, а пензиите за една година бележат раст од 16 проценти.

СДСМ како одговорна партија продолжува со ефикасните и одговорни економски политики, кои даваат резултати, носат економски пресврт и подобар животен стандард за сите граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Просечната плата порасна за само 118 денари за еден месец

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост