Пелистер пропушти голема шанса да стигне до нова победа во Европската лига на ЕХФ, откако иако во поголемиот дел од мечот имаа водство, на крајот мораа да спасуваат реми 27:27 (14:13) против португалскиот аутсајдер Агуаш Санташ. Иако може да се жали за пропуштената шанса за победа, сепак, овој резултат го остава Пелистер на четвртото место на табелата во групата Д со огромни шанси за пласман во нокаут фазата.
Во првото полувреме, Пелистер имаше и три гола предност (7:4), но не успеа да се одвои, што во финишот на мечот се покажа како клучно, бидејќи Агуаш Санташ со серија од тригола дојде до предност од 22:20. Марко Кизиќ ги остави Пелистер во игра со неколку клучни одбрани, за Пешевски да израмни од пенал за 27:27.
Фото: РК Еурофарм Пелистер