Шакира и Жерард Пике, очигледно, продолжуваат со своите препирки по нивната разделба по 12-годишна врска, откако за Св. Валентин, денот на вљубените, колумбиската поп-дива се јави со песна на Тикток со текст: „Може да го убијам бившиот“.
Шакира објави видео со семпл од песната на СЗА, Kill Bill, односно дел од песната во кој го има текстот: „I might kill my ex, not the best idea. His girlfriend’s next, how’d I get here? I might kill my ex, I still love him though. Rather be in jail than alone“. (Може да го убијам бившиот, не е најдобра идеја. Неговата девојка е следна, како дојдов до тука? Може да го убијам бившиот, уште го сакам. Подобро да сум во затвор, отколку сама“. Додека оди песната, таа го чисти подот.
@shakira ♬ Kill Bill – SZA