Утрински Весник
Македонија

Трајанов со одговор до Ковачевски: Се надевам дека нема и понатаму да биде заложник на Ахмети

Трајанов со одговор до Ковачевски: Се надевам дека нема и понатаму да биде заложник на Ахмети

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов се огласи во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека во текот на вчерашниот ден гласал за повеќе закони и одлуки, но, како што додава, имало паузи, при што присутното мнозинство пред да влезе тој во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно тој го поддржува.

„ Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на “комуникација” и на ист начин можам да изјавам дека “се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ”.

Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“ порача Трајанов.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов