Утрински Весник
Македонија

Вештачењето покажало дека возачот ја усмртил Магдалена од Велес со брзина од 68 км/час, родителите велат возел со над 100 км/час

Вештачењето покажало дека возачот ја усмртил Магдалена од Велес со брзина од 68 км/час, родителите велат возел со над 100 км/час

Јанаки Митровски, адвокат на семејството на 11-годишната Магдалена од Велес која беше прегазена на пешачки премин во декември минатата годна бара одговорност и од совозачите, кои биле заедно со возачот кој избега од местото на несреќата. Митровски се сомнева и во вештиот наод кој покажал дека Магдалена е прегазена со брзина од 68 км/час, а со оглед родителите кои биле сведоци на прегазувањето со смртен исход тврдат дека „мерцедесот“ возел со брзина од над 100 км/час.

dobivaj vesti na viber

„Воедно брзината од 68 километри на час која е утврдена со вешт наод и мислење за нас е дискутабилна бидејки родителите се сведоци дека сторителот возел со брзина од над 100 km/h во зона во која е дозволено 30km/h. Како предметот е сеуште во фаза во која може да трпи измени и проширување, апелираме и очекуваме ОЈО Велес да постапи во правец на обвинување и на совозачите (кои не даваа информација за тоа кој е сторител) и за селаните кои со денови го криеле сторителот“, посочува Митровски.

Несреќата во која Магдалена го изгуби животот се случи на крајот од декември минатата година. Девојчето беше прегазено на пешачки премин, пред очите на родителите. Возачот не застана да укаже помош туку избега. Потоа, полицијата трагаше по него и го пронајде два дена подоцна.

Можете да прочитате

Таравари: Разочаран сум што ВРЕДИ од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид

Отпад гореше во близина на Куманово, црн чад го прекри градот

СДСМ: Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах