Утрински Весник
Спорт

Богдановиќ потврди дека повеќе нема да игра за Хрватска

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Најдобриот хрватски кошаркар Бојан Богдановиќ, во интервју за шпански „Мундо Депортиво“, откри дека повеќе нема намера да игра за репрезентацијата и дека кариерата ќе ја заврши во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

По уште еден хрватски дебакл на Евробаскетот, немаше многу надеж дека Богдановиќ повторно ќе заигра во репрезентативниот дрес, како што потврди во изјавата за шпански весник.

„Мојот став е ист како минатото лето и мислам дека нема да се промени“.

Хрватска со години не постигнува добри резултати на големите натпреварувања, го пропушти и Светското првенство, не успеа да забележи добар резултат на Евробаскетот ниту со неколку НБА играчи, па новинарот „Ел Мундо“ се интересираше зошто е тоа така:

„Имавме многу проблеми со повредите. Така беше практично цел мој живот, секогаш бевме без најдобрите играчи поради повреди. Се претпоставува дека со добри играчи треба да се постигнат некои резултати, а зошто не направивме е прашање од милион долари. Требаше да бидеме подобри, не знам што да кажам, но секогаш имаше повреди“.

Богдановиќ синоќа стана најдобриот хрватски стрелец во историјата на НБА, го престигна легендарниот Тони Кукоч, а оваа сезона, како играч на Детроит Пистонс, ги има најдобрите бројки во кариерата.

Не откри уште колку години ќе биде активен, но откри дека неманамера да се враќа во Европа, каде во минатото играше во Реал и Фенербахче.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина