Утрински Весник
Магазин

Меган Фокс го избриша својот Инстаграм-профил по наводната афера на свршеникот

Меган Фокс го избриша својот Инстаграм-профил по наводната афера на свршеникот

Меган Фокс го избриша својот профил на Инстаграм, откако го искористи за да одговори на шпекулациите дека нејзиниот свршеник Машинган Кели ја изневерил со својата гитаристка Софи Лојд.

dobivaj vesti na viber

36-годишната актерка поттикна шпекулации дека повеќе не е со раперот/рокер (32) откако престана да го следи на платформата во неделата и сподели стихови од песната на Бијонсе Pray You Catch Me (2016)  за тогашната афера на нејзиниот сопруг Џеј Зи.

Среде бесни нагаѓања на фановите, нејзиното цитирање на песната на Бијонсе за неверство беше доказ дека врската со Кели е завршена. На овој начин Меган ги потврди шпекулациите на фановите дека тој ја изневерувал со гитаристката Софи Лојд.

До недела попладне, актерката од Transformers го деактивираше својот Инстаграм, откако ги избриша сите заеднички фотографии со Кели.

Можете да прочитате

Жена дала 100.000 евра и го чекала „Бред Пит“ три недели во хотел

Четири клучни возрасти за мозокот

Зошто автомобилот троши повеќе гориво зиме