Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во Влае: Се судрија три возила, распрскано стакло на улицата

Сообраќајка во Влае: Се судрија три возила, распрскано стакло на улицата

Три автомобили се судрија во Влае, пред мостот „Влајко“. Несреќата се случи на раскрсницата, помеѓу возила марка „опел“, „шкода“ и „ауди“.

dobivaj vesti na viber

Поради силината на ударите, парчиња стакло се разлетани на улицата. Засега е познато само дека има материјална штета.

Возачот на „опелот“ е повозрасно лице, кое беше видно вознемирено од несреќата, а останатите му пружаа помош. Засега нема информации за потешко повредени лица.

На терен е повикана и полиција која ќе треба да направи увид. По ова, ќе биде утврдено и како настанала несреќата.

Можете да прочитате

Заев: Непочитувањето на Уставот и законите носи децениско непријателство со соседите, со ЕУ, САД и ООН

Мисајловски: На средбата со претставниците на Влен разговаравме дека економијата е најважна област

Заев: Непочитувањето на Уставот и законите носи децениско непријателство со соседите, со ЕУ, САД и ООН