Утрински Весник
Свет

Русија: „Нема да го признаеме таканареченото Косово, без нас нема праведно решение“

Русија: „Нема да го признаеме таканареченото Косово, без нас нема праведно решение“

Амбасадорот на Русија во Србија, Александар Боцан Харченко оцени дека без Русија и Кина нема да има праведно решение за Косово.

dobivaj vesti na viber

Во однос на косовското прашање, Русија е доследно посветена на резолуцијата 1244, не го признава Косово и останува на принципот на поддршка на Белград, изјави рускиот амбасадор во Србија.

Тој рече дека Русија, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, ќе поддржи само решение кое одговара на националните интереси на Србија, без разлика дали се работи за нормализирање на односите или смирување на актуелната криза.

На прашањето дека поединци тврдат дека поради руско-украинскиот конфликт Русија може да направи пресврт и да го признае Косово, Боцан Харченко рече дека тоа не е точно. Зборувајќи за француско-германскиот план, тој рече дека Русија не е учесник во разговорите и дека формира мислење врз основа на извештаите во српскиот парламент и информациите од медиумите.

„Според мене, ова е обид Западот да најде заобиколен пат Србија да го признае Косово и таа да влезе во меѓународните институции, пред се во ОН“, изјави рускиот амбасадор за „Вечерње новости“ и додаде дека не верува дека овој план може да послужи како добра основа за понатамошни дискусии.

Тој оцени дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Белград покажале волја за разговор, иако на маса има лоша хартија.

Харченко одби директно да одговори на прашањето дали Русија во Советот за безбедност на ОН ќе се спротивстави на приемот на Косово во ОН, доколку, хипотетички кажано, Србија не се спротивстави на тој прием.

Тој оцени дека т.н Косово се користи како директен притисок врз претседателот Вучиќ и дека Западот, користејќи ја геополитичката ситуација, сака да го реши прашањето на кој било начин.

„Нашите геостратешки интереси одговараат на постабилна ситуација насекаде, на Балканот, а особено во Србија, која е пријателска земја и соработуваме во различни области“, рече Боцан Харченко.

Зборувајќи за притисокот врз Србија да воведе санкции, тој рече дека Русија високо ја цени истрајноста и „херојското однесување“ на претседателот на Србија во ова прашање.

На прашањето дали Москва влијае на партиите во српскиот парламент, рускиот амбасадор одговори дека има најмногу контакти со раководството на Србија и со партиите од владејачката коалиција.

„Не е тајна дека кога влегоа во српското Собрание имавме разговор и со други партии. Нема никакви дополнителни контакти, тајни, под тепих – воопшто“, рече тој.

Харченко рече и дека приказните за регрутирање српски доброволци и шпиони од Русија се дел од хибридната војна.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк