Утрински Весник
Спорт

„Фенерџијата“ Саутемптон го отпушти Нејтан Џонс по само три месеци!

„Фенерџијата“ Саутемптон го отпушти Нејтан Џонс по само три месеци!

Премиерлигашот Саутемптон го отпушти менаџерот Нејтан Џонс по само три месеци на „Сент Мерис“ по домашниот 1:2 пораз од Вулверхемптон (кои играа со 10 играчи) со кој остануваат на последното место на табелата.

dobivaj vesti na viber

49-годишниот Џонс го замени Ралф Хазенхитл во ноември, но откако забележа само една победа во осумте лигашки мечеви, добива отказ по слабиот меч против Вулфс во кој Саутемптон имаа водство, но дозволија гостите со играч помалку повеќе од 60 минути да се вратат за победа.

„Саутемптон потврдува дека се разделува со тренерот Нејтан Џонс. Тренерите на првиот тим Крис Коен и Алан Шихан исто така си заминуваат од клубот. Рубен Селес ќе биде одговорен за подготовките на тимот пред мечот со Челси“, се вели во објавата на „светците“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина