Утрински Весник
Економија

(Видео) Шкријељ: За првпат воведуваме платено мајчинско отсуство за жени земјоделки

(Видео) Шкријељ: За првпат воведуваме платено мајчинско отсуство за жени земјоделки

Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која жените земјоделки ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство. Со усвојувањето на Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство, истакна на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оваа програма, како што објасни, е креирана по иницијатива и со директна соработка со жените кои вршат земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не добивале платено породилно отсуство.

Според неа финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејно земјоделско стопанство во кое членува да остварило финансиска поддршка за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари.

„При тоа, потребно е и да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето. Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година“, појасни таа.

Додаде дека за СДСМ секој еден е важен, секоја една е важна, затоа продолжува со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите категории граѓани.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена